Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Голем интерес за туристичките убавини и потенцијали на Северна Македонија на Светскиот саем за туризам – Лондон 2026

Голем интерес за туристичките убавини и потенцијали на Северна Македонија на Светскиот саем за туризам –  Лондон 2026

Министерството за култура и туризам учествува на Светскиот саем за туризам – Лондон 2026, еден од водечките светски саеми за туризам, што се одржува од 3 до 5 ноември во изложбениот центар „Ексел Лондон“, во Обединетото Кралство.

Преку учеството на овој значаен меѓународен настан, Министерството ја промовира Северна Македонија како автентична, разновидна и одржлива туристичка дестинација, со богати туристички потенцијали и можности за развој.

Претставувањето на нашата земја предизвика интерес кај меѓународните туристички оператори и професионалци од туристичкиот сектор. Природните убавини, богатото културно и историско наследство, традицијата, гастрономијата и автентичните искуства што ги нуди земјава се значаен потенцијал за привлекување нови посетители и позиционирање на државата на меѓународната туристичка мапа.

На националната презентација, покрај Министерството за култура и туризам, како соизлагачи учествуваа и претставници на туристичкиот и на угостителскиот сектор: „Балкан прајм турс“, „Камелија“, „Македонијатурист“, „Алдинис травел“, „Спирит оф Преспа“, Општина Струга, хотел „Мериот“, „Еј-Би-Си рент а кар“, „Компас“ – Скопје, „Македонија експириенс“, „Ди-Ем-Си“ – Охрид и „Eкспириенс Балкан“.

Нивното учество овозможи заедничка презентација на разновидната туристичка понуда на земјава, директни контакти со меѓународни партнери и отворање можности за соработка и туристички аранжмани.

СТМ – Лондон 2026 претставува значајна платформа за презентација на националната туристичка понуда, воспоставување нови партнерства и унапредување на меѓународната соработка, како и за поврзување на домашните туристички субјекти со меѓународни туроператори, туристички агенции, авиокомпании, медиуми и други релевантни чинители од глобалната туристичка индустрија.

Мени за пристапност