Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со портрет на поетот Андреј-Ал Асади вечерва започнува Поетска ноќ во Велестово

Со портрет на поетот Андреј-Ал Асади вечерва започнува Поетска ноќ во Велестово

На 37. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно шест држави – Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и нашата земја.

 

Програмата ќе почне вечер во 21 часот во Велестово со поетски портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационаланото поетско читање „Имаго“.

 

Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Стефан Младеновски. Следните два дена ќе се одржат повеќе интернационални поетски читања на локации во Велестово и во Охрид.

Мени за пристапност