Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Кому му е гајле за реалноста?“ – мото на 16. „Македокс“ од 21 до 28 август

„Кому му е гајле за реалноста?“ – мото на 16. „Македокс“ од 21 до 28 август

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе биде отворен на 21 август со проекција на два филма – краткометражниот „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот „Само на земјата“ на Робин Петре.

 

Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими. Фестивалот „Македокс“ ќе се одржи до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје.

 

Мотото на 16. „МакеДокс“ е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува да присуствуваат околу 100 гости од странство.

Мени за пристапност