Со концерт на Филхармонијата на Северна Македонија, посветен на 100 години од раѓањето на композиторите Кирил Македонски и Властимир Николовски, завршуваат годинашните Денови на македонската музика.
Концертот, под диригентство на маестро Борјан Цанев, со солистички настап на сопранистката Мила Јаневска, ќе се одржи на 16 октомври во големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.
На програмата се Кирил Македонски: Симфонија бр. 4 (1960), Властимир Николовски: Оркестарска суита „Ин модо антико“ за симфониски оркестар (1957) и „По патиштата“, вокално-инструментален циклус за глас и симфониски оркестар (1960).