„Куршуми над Бродвеј“, новата претстава во режија на Ненад Витанов, според текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, завчеравечер ја имаше својата премиерна изведба пред публиката во полната сала на Драмскиот театар – Скопје. Овој театар дефинитивно ја има новата хит-претстава, за што доказ беа и бурните стоечки аплаузи и овации со кои присутните ја наградија одличната актерска игра, но и целиот тим кој работеше на нејзина подготовка.
Репризата на претставата е на 22 октомври, а третата изведба ќе биде на 27 октомври во рамките на фестивалот на Регионалната унија на театрите РУТА, што годинава ќе се одржи од 25 до 31 октомври во Драмскиот театар – Скопје.