Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со гала концерт на 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

Со гала концерт на 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

На 12 јули со гала концерт на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На свеченото отворање ќе настапат светски познатата сопранистка Ермонела Јахо, тенорот Чарлс Кастроново и Националната опера и балет под диригентство на Марко Боеми.

Во текот на 40-те фестивалски денови ќе се одржат околу 50 настани со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, со програма што опфаќа класична музика, џез, балет и театар. Годинава за првпат во рамки на фестивалот ќе се реализира и посебна програма со џез-концерти.

Фестивалот ќе одбележи и значајни јубилеи, а ќе бидат организирани тематски културни вечери во соработка со дипломатските претставништва. „Охридско лето“ традиционално се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со поддршка од Министерството за култура и туризам и бројни партнери.

Мени за пристапност