Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Чалгиската музика ги воодушеви посетителите во Загреб

Чалгиската музика ги воодушеви посетителите во Загреб

Во преполната сала на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Филип Шурбевски – Езгија квартет одржа концерт посветен на македонската традиционална чалгиска музика.

Преку повеќе од 18 музички изведби, Филип Шурбевски, Костадин Андоновски, Мајкл Карадаковски и Митко Наумовски ја претставија богатата македонска музичка традиција, проследена со силни емоции и долготрајни аплаузи од публиката.

Настанот привлече голем број посетители, претставници на институции и дипломатскиот кор, како и Македонци што живеат и работат во Загреб.

Концертот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб и е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам, во насока на промоција на македонското културно наследство и зајакнување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

Мени за пристапност