Најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, денеска ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, каде што е дел од натпреварувачката селекција.
По премиерата, Манчевски и дел од актерската екипа ќе учествуваат во разговори со публиката и со медиумите, а се предвидени и дополнителни проекции на 2 и 3 ноември.
Филмот е црна комедија и сатира за брат и сестра кои живеат на маргините на општеството и преку кражба и продажба на споменици и шахти се соочуваат со корупцијата и општествените неправди. Во главните улоги се Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова и Петар Мирчевски, а продуцент е Јане Ќортошев.