Националниот џез-оркестар продолжува со меѓународните активности, претставувајќи ја македонската џез-сцена пред европската публика.
На 2 ноември, комбо ансамблот ќе настапи во Галерија „Петроф“ (Petrof Gallery) во Храдец Кралове, Чешка, со авторска музичка програма.
На 4 ноември, пак, Оркестарот ќе го отвори јубилејното 30. издание на „Џез фест Сараево“ (Jazz Fest Sarajevo), со концерт во Народниот театар во Сараево и програмата „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams), под диригентство на Владимир Николов.
Програмата ги обединува македонската традиционална музика, народните мелодии и современиот џез-израз, претставувајќи го богатството на македонското музичко наследство во ново оркестарско руво.
Овие настапи се уште една потврда за меѓународната афирмација и уметничкиот континуитет на Националниот џез-оркестар.