Самостојната изложба „Нурни во мене“ на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес ќе биде отворена во Куќата на Робевци на 1 август во 20 часот.
По самостојните излагања во Париз и во Венеција минатата година, како и во и Австрија и Италија во изминатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба којашто беше претставена во Музејот на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.
Изложбата го носи насловот „Нурни во мене“, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната галерија од Скопје. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз, и Маја Чанкуловска.