Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ретроспективна изложба на уметникот Кирил Ефремов во Даут-пашиниот амам

Ретроспективна изложба на уметникот Кирил Ефремов во Даут-пашиниот амам

Утревечер во 19:00 часот во Даут-пашиниот амам ќе биде отворена ретроспективната изложба „Меѓу реалноста и сонот“ на уметникот Кирил Ефремов.

 

Творештвото на Кирил Ефремов во доменот на надреално-фантастичното сликарство има посебно значење во поширокиот контекст на македонската уметност. Изложбата е ретроспективна, при што публиката ќе има можност да ги согледа во целина творештвото и развојниот пат на Кирил Ефремов, укажувајќи на неговото место и значење во развојот на македонската современа ликовна уметност.

 

Автор на текстот на монографското издание е проф. д-р Владимир Величковски, а куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Мени за пристапност