Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ретроспективна изложба на професор Жанета Вангели во Чифте амам

Ретроспективна изложба на професор Жанета Вангели во Чифте амам

Утре, 21.8.2025 година, во 20:00 часот во Чифте амам ќе биде отворена ретроспективната изложба на професор Жанета Вангели. Куратор на проектот е вишиот кустос Маја Крстевска, а стручен соработник е кустосот Горанчо Ѓорѓиевски.

Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, господин Али Синани, а пригодна реч за ликовниот опус на уметницата Жанета Вангели ќе даде кураторот на изложбата, Маја Крстевска. И, секако, авторката на изложбата, Жанета Вангели, со свое обраќање ќе ја поздрави публиката.

Изложбата ќе биде поставена до 14 септември 2025 година.

 

Мени за пристапност