Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Најава за потпишување на Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт од Берлин

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Почитувани,

 Ве известуваме дека министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денес, 19.8.2025 година (вторник), во 10:00 часот ќе го посети археолошкиот локалитет Скупи.

Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународнa истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.  

На настанот ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот, и Музејот на град Скопје.

 По потпишувањето, предвидени се изјави за медиуми.

 Го покануваме вашиот медиум да ги проследи изјавите.

 

Со почит,

Министерство за култура и туризам

Мени за пристапност