На 10 ноември (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоција на стихозбирката „Тапан на пат“ од Олга Панкина, во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“.
Книгата ќе ја промовираат академик Влада Урошевиќ и д-р Владимир Мартиновски.
„Тапан на пат“ е петта поетска книга на Панкина, авторка која преку своето творештво остварува значаен придонес во македонско-рускиот книжевен дијалог и современата македонска поезија.
Настанот претставува можност за средба со поетскиот свет на авторката и нејзиното творештво, кое ги поврзува мотивите на патувањето, движењето и животот.