Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промоција на „Синхроницитети – Чувари на приказната“ од Марко Трпески

Промоција на „Синхроницитети – Чувари на приказната“ од Марко Трпески

Промоција и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“, ќе се одржат на 5 ноември (среда) во 19:00 часот во галеријата Метаноја.

„Синхроницитети – Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување.

На промоцијата, низ играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“ ќе ве поведат тројцата чувари на приказната: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Мени за пристапност