Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ од истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај 2026 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во малата сала на Драмскиот театар Скопје.
Станува збор за значајно издание кое преку критички текстови, анализи и театрографски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговата естетика, развој и општествено значење. Книгата претставува вреден придонес за македонската театарска уметност и културна мисла, како и сведоштво за повеќедецениската посветеност на авторот кон театарската критика.
Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Иван Додовски, кој во предговорот го истакнува значајниот придонес на Кузманов во следењето, анализата и документирањето на театарскиот живот во Македонија. Тодор Кузманов е автор на голем број критики, осврти, есеи и монографии посветени на драмата и театарот.