На 10 јули 2025 г. (четврток) со почеток во 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи промоција на бугарското издание на романот „Тегли“ од македонскиот писател Јордан Коцевски.
Романот ќе биде претставен од авторот Јордан Коцевски, книжевниот критичар Пламен Тотев, редакторот Марјан Петров и преведувачката Тања Попова.