Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската филхармонија го отвора 65. издание на „Охридско лето“

Македонската филхармонија го отвора 65. издание на „Охридско лето“

Со концерт на оркестарот на Македонската филхармонија, на 12 јули во 21 часот на сцената Античкиот театар ќе биде отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Како солистка ќе настапи американската пијанистка Клер Хуангчи, а диригент е Едвин Аутвотер од САД. На програмата се „Пајдушко“ од Дамир Имери, симфониски танци од „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино“ од Џорџ Гершвин.

Мени за пристапност