Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претставата „Анна“ во режија на Нина Николиќ ќе настапи на фестивал во Умаг

Претставата „Анна“ во режија на Нина Николиќ ќе настапи на фестивал во Умаг

Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, создадена како копродукција на Театар Комедија и „Перипетија продукција“, утревечер (26 јуни) ќе биде изведена на 27. Меѓународен фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е селектирана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за Гран при.

 

Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора темите на љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Претставата говори за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на околината.

 

Во претставата настапуваат Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (глас), а авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика).

 

Гостувањето на „Анна“ претставува значајна можност за меѓународна промоција на современата македонска театарска продукција и на авторските гласови што го обликуваат домашниот театар денес.

 

Мени за пристапност