Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на претставата „Саатот“ во Театар „Војдан Чернодрински“

Премиера на претставата „Саатот“ во Театар „Војдан Чернодрински“

На 2 април 2026 година (четврток) со почеток во 20:00 часот на Сцена 105“, Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп премиерно ќе ја изведе претставата „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска во режија на Кристина Димитрова. Сценографијата и костимите се дело на Благој Мицевски, а музиката ја составија Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.

 

Актерската екипа ја сочинуваат Филип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиевски како Јован, Наташа Ачански како Вера и Ана Митоска со вокална појава во финалната сцена.

 

Претставата го прикажува животот на една брачна двојка чие секојдневие го одбројува персонифициран ѕиден часовник. Додека мажот го прифаќа времето со смиреност, жената чувствува притисок и напнатост од непрекинатото чукање на саатот.

 

Претставата ја истражува динамиката меѓу објективното и субјективното време, како и повторливоста и минливоста на животот што го одразуваат секојдневието и човечкото искуство.

Мени за пристапност