Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмскиот театар – Скопје

Премиера на „Драми на принцезите – Џеки“ во Драмскиот театар – Скопје

Директорот Роберт Вељановски и актерката Трајанка Илиева-Вељиќ на денешната прес-конференција ја најавија првата премиера во годината во која Драмски театар го прославува големиот јубилеј 80 години од основањето на Театарот.

 

Премиерата на претставата „Драми на принцезите Џеки“ ќе се игра в петок, 13 февруари, во 20 часот на Малата сцена на Драмски.

 

„Драми на принцезите Џеки“ е монодрама на режисерката Жива Бизовичар од Словенија. Претставата е работена по текст на австриската авторка Елфриде Јелинек, која за романот „Пијанистка“ во 2004 година ја добива Нобеловата награда за литература.

 

Преводот на текстот од германски јазик е на Катерина Шекутковска. Во уметничкиот дел од тимот на претставата работеа драматургот Ник Жнидаршиќ, сценографот и автор на музика Јан Крмељ од Словенија. Костимограф на претставата е Александар Ношпал, фотограф е Филип Кондовски. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска.

 

Актерката Трајанка Илиева-Вељиќ во своето обраќање се заблагодари на колешките Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева за поддршката што ѝ ја дале за монодрамата „Драми на принцезите Џеки“.

 

Претпремиерата на претставата „Драми на принцезите Џеки“ е в четврток, а премиерата в петок со почеток во 20 часот. Билети може да се купат на билетарницата на театарот или онлајн.

Мени за пристапност