Во Македонскиот народен театар на 27 ноември од 20:00 часот ќе биде одиграна премиерата на претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерата е закажана за 26 ноември.
Во претставата играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска, Гораст Цветковски и Мирослав Атанасовски.
Авторскиот тим го сочинуваат сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански.
Следните изведби се на 1, 4 и 29 декември, со почеток во 20:00 часот. Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ и на билетарницата на Театарот.