НУ Театар за деца и младинци – Скопје на 26 ноември премиерно ќе ја изведе претставата „Моби Дик“, работена според истоимениот роман на Херман Мелвил, во режија на Дамјан Кецојевиќ.
Претставата, преку драматизација на Тијана Грумиќ, ја оживува возбудливата приказна за опсесивната потрага на капетанот Ахаб по белиот кит, отворајќи прашања за човечката природа, доброто и злото, општествените односи и судбината.
Во претставата играат: Ана Левајковиќ Бошков, Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Никола Наковски, Ненад Митевски, Петар Стојанов и Симона Спировска.
Премиерата ќе се одржи на 26 ноември (четврток) во 19:00 часот во НУ Театар за деца и младинци – Скопје.