На 9 и 10 јули 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на сцена 105 во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведена претставата „Повик“, авторски проект на Јован Ристовски, кој ја потпишува и режијата.
Претставата ја следи приказната за млада сликарка која се соочува со предизвиците на современиот уметнички свет, отворајќи теми за идентитетот, слободата на творештвото и личниот интегритет.
Во претставата настапуваат Марија Стефановска, Катерина Аневска, Николе Стефанов, Маја Андоновска Илијевски, Наталија Ристеска и Марија Талеска.
Влезот за двете изведби е слободен.