Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Под мотото „Друг свет“ започнува „Скомрахи“ на 5 ноември

Под мотото „Друг свет“ започнува „Скомрахи“ на 5 ноември

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и годинава во Скопје ги обединуваат студентите од повеќе европски драмски академии. Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеја и енергија ќе ја претстават од 5 до 8 ноември на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од: Белгија, Словачка, Турција, Србија, заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ.

Во рамките на програмата, на ФДУ ќе се одвиваат и две работилници на 6  ноември (четврток) во 14:00 ч. ќе се одржи работилница водена од Катржина Јебава од Академијата за изведувачки уметности во Брно, Чешка, а на 8 ноември (сабота) во 14:00ч. ќе се одржи работилница водена од Умит Ерлим од Одделот за сценско-изведувачки уметности на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Малтепе во Истанбул.

Мени за пристапност