Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Почнува „Синедејс“, на репертоар над 60 европски остварувања

Почнува „Синедејс“, на репертоар над 60 европски остварувања

Под слоганот „Се гледаме од другата страна“, од денес до 10 декември ќе се одржи 24-тото издание на „Синедејс“ со над 60 филмови распоредени во осум селекции и специјална филмска работилница „Маркетинг на филм“.

Годинашното издание е посветено на Дејвид Линч. Фестивалот ќе се отвори со „Тоа беше само несреќа“ на Џафар Панахи и документарецот „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, посветен на легендарниот музичар Драгољуб Ѓуриќиќ. Во програмата се и „Тајниот агент“ на Мендонса Фило, „Домот на младата мајка“ на браќата Дарден, „Татко, мајка, сестра, брат“ на Џим Џармуш, како и повеќе регионални копродукции со македонско учество – „Оче наш“, „Ера“ и „Павилјон“. Ќе бидат прикажани и филмови на Сорентино и Парк Чан-Вок, а „Македокс“ ќе учествува со сопствена селекција на наградени филмови.

Селектор на програмата е Бернд Будер и таа вклучува: официјална селекција, гала-програма, МК во ЕУ, премиери на кратки филмови, музички документарци, СЕЕ-програма, селекција посветена на Линч и избор на „Македокс“. Жири-комисиите се составени од филмски професионалци од регионот.

Во рамките на фестивалот, на 4 и 5 декември во МКЦ ќе се одржат две „Синемјузик“ вечери со настапи на десетина млади европски бендови, со бесплатен влез.

Проекциите ќе се одвиваат во МКЦ – киното „Фросина“ и салата „25 Мај“.

Мени за пристапност