Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Почнува петтиот Фестивал на грчки филм во Кинотеката

Почнува петтиот Фестивал на грчки филм во Кинотеката
Јубилејното петто издание на Фестивалот на грчки филм почнува вечер во Кинотеката на РС Македонија со проекција на филмот „Длабочината на океанот“ („Титаник Оушн“) на режисерката Константина Коѕамани, кој беше дел од програмата „Извесен поглед“ на 79. Кански филмски фестивал.
 
Под мотото „Женски поглед: Филм по нејзина мерка“, Фестивалот ќе трае до 27 ноември и ќе понуди три долгометражни и два краткометражни филма од грчки авторки, посветени на женскиот филмски израз, искуства и перспективи.
 
Фестивалот на грчки филм претставува простор за промоција на грчката кинематографија и афирмација на женскиот авторски глас, отворајќи можности за културно поврзување и споделување филмски приказни што ги надминуваат границите.

Мени за пристапност