По успешната премиера и три изведби на 39. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва, каде што претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ беше пречекана со големо воодушевување, НУ Драмски театар Скопје ја најавува својата следна станица – „Охридско лето“.
Македонската публика ќе може да ја проследи возбудливата и духовита копродукција на 17 август од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.