Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Перо Кованцалиев со изложбата „Дамки“ во Софија

Перо Кованцалиев со изложбата „Дамки“ во Софија

Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија беше отворена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата претставува современ уметнички проект во кој преку експериментален визуелен јазик и специфичен процес на согорување текстилен отпад, авторот создава дела со силна филозофска, еколошка и општествена димензија.

 

На отворањето се обрати директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој истакна дека „Дамки“ отвора важни прашања за човекот, општеството и современиот свет, додека македонската амбасадорка Агнеза Руси-Поповска се осврна на значењето на културната соработка и современата македонска уметност.

 

Со изложбата, Кованцалиев се претставува како автор со зрел и автентичен уметнички израз, кој преку трагите од чадот и согорувањето создава моќни визуелни метафори за минливоста, потрошувачката култура и човечкото постоење.

Мени за пристапност