Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Отворено студио“ – изложба на документарна фотографија во Слоештица

„Отворено студио“ – изложба на документарна фотографија во Слоештица

Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО од Слоештица годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.

 

Во рамките на долгогодишната соработка со реномираната Либеречка школа за фотографија (LŠF) од Чешка, од 12 до 23 август во уметничката колонија престојуваат осум претставници на школата – професорите Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти.

 

Преку документарната фотографија, гостите ќе го истражуваат природното и културното богатство на горно-демирхисарскиот регион и ќе ја документираат приказната за „Последните крајолики на човештината“.

 

Селектираните фотографии создадени за време на престојот ќе бидат претставени пред јавноста на традиционалниот настан „Отворено студио“, кој ќе се одржи на 22 август во АРТ ПОИНТ – ГУМНО, Слоештица.

 

Во рамките на посетата ќе се реализираат и средби и дискусии со млади фотографи и претставници од областа на културната едукација, со цел воспоставување долгорочна соработка, размена на знаења и искуства и реализација на заеднички проекти.

 

Проектот е реализиран со делумна поддршка од Министерството за култура и туризам.

 

Мени за пристапност