Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворена изложбата „Градот во мене“ на Александар Џинго во Прилеп

Отворена изложбата „Градот во мене“ на Александар Џинго во Прилеп

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вчеравечер беше отворена изложбата „Градот во мене“ на академскиот уметник, м-р Александар Џинго.

 

На отворањето, актерката Марија Спиркоска Илиеска се осврна на творештвото на Џинго, додека Бранче Трајкоски го претстави најновиот циклус, истакнувајќи ја комбинацијата на академскиот реализам и современата апстракција, како и разновидноста на употребените техники.

 

Џинго има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, учествувал на ликовни колонии, а работи и театарска сценографија и костимографија.

 

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Мени за пристапност