Претставата „Слепци“ на НУ Турски театар – Скопје освои четири награди на првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Дирахиум“ (Dyrrachium) во Драч, Албанија.
Ансамблот ја доби наградата за најдобар ансамбл, претставата е прогласена за најдобра, Ќендрим Ријани е награден за најдобар режисер, а актерката Сузан Акбелге доби посебно признание од жирито.
„Слепци“ повторно ќе биде изведена на 1 октомври од 20 часот на малата сцена во Театар Комедија. Претставата се игра на македонски, турски, албански и англиски јазик, со превод на македонски.