НУМ „Смилевски конгрес“, во соработка со уметничкиот колектив БУФФ (BUFF) од Грција, објавува јавен повик за учество во меѓународниот уметнички проект „Пеењето на славејот“.
Оваа трансбалканска иницијатива ги поканува сите уметници да станат дел од растечка колективна инсталација преку создавање скулпторски интерпретации на славејот. Проектот е дел од програмата на манифестацијата „Смилевски конгрес 2026“, која по третпат ќе се одржи во мај во Смилево, Демир Хисар.
Проектот ќе се развива како подвижна уметничка платформа низ Балканот со премиерно претставување во мај 2026 во Смилево и финална изложба во регионот Преспа кој ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија.
Во рамките на завршната изложба, НУМ „Смилевски конгрес“ ќе учествува со својата номадска платформа „Kooperacija Sessions“, вклучувајќи современи македонски автори.
Уметниците се поканети да изработат скулпторска интерпретација на славеј придружена со фотографија, краток звучен запис и локација поврзана со локален контекст.
Клучни информации:
Смилево – презентација
Рок за пријавување: 10 април 2026 г.
Рок за испраќање: 24 април 2026 г.
Преспа – изложба
Рок за пријавување: 25 април 2026 г.
Рок за испраќање: 5 јуни 2026 г.
Повеќе информации и апликација:
https://dytikespinelies.com/project/the-singing-of-the-nightingale/