Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворен е повикот за акцијата „Циркулација на европските книжевни дела“ на програмата „Креативна Европа на Европската Унија“ за 2026 година

Отворен е повикот за акцијата „Циркулација на европските книжевни дела“ на програмата „Креативна Европа на Европската Унија“ за 2026 година

Европската комисија го објави повикот за акцијата „Циркулација на европските книжевни дела“ (CREA-CULT-2026-LIT), со краен рок за поднесување на предлог-проектите 29 јануари 2026 година, до 17:00 часот (по средноевропско време). За повикот се обезбедени 5 000 000 евра, а се очекува да бидат поддржани 40 проекти.

 

Поддршката е наменета за проекти што вклучуваат превод, објавување, дистрибуција и промоција на европски книжевни дела – белетристика. Предлог-проектите треба да се усогласени со специфичните цели и приоритети на повикот, како и со општите приоритети на политиките на Европската Унија, и тоа:

 

Специфични приоритети на повикот

 

· Јакнење на транснационалната циркулација и различноста на европските книжевни дела преку превод, објавување, дистрибуција и промоција на книжевните дела – белетристика,  кои се  напишани на помалку користените јазици.

·   Промоција на читањето, јазичната и културната разновидност на европската литература пред широката публика.

·    Промоција и зачувување на професијата литературен преведувач, вклучувајќи ги принципите на наградување на добрите услови за работа и правичност (во оваа смисла, издавачите се охрабруваат да обезбедат видливост на преведувачите во објавените книги).

·    Јакнење на конкурентноста на книжевниот сектор преку поттикнување различна соработка во рамките на секторот (особено меѓу издавачите, книжарниците и библиотеките).

 

Општи приоритети

·         Зелен план на ЕУ;

·         Дигитална транзиција;

·         Инклузија;

·         Родова еднаквост;

·         Меѓународна соработка.

 

Дополнителни насоки

При подготовката на предлог-проектите, апликантите се охрабруваат да обезбедат синергија со другите видови поддршка на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ кои се однесуваат на книгите и на издавачкиот сектор, и тоа:

·   Ден на европските автори (промоција на читање и откривање на европската литература).

·       Награда за литература на Европската Унија (промоција на европски автори во подем).

·       Обезбедување литературни дела на украински јазик за украинските бегалци и раселените лица. (Квалификувано е печатење на украински (непреведени) литературни дела).

·     Со цел да се поддржи книжевната преведувачка професија во согласност со принципите на добри работни услови и правично наградување, се препорачува помеѓу 20 % и 30 % од вкупниот буџет на проектот да се распредели за наградата за преведувачите и на преведувачите да им се даде признание и видливост со нивно именување, по можност на насловната страница.

·         Со цел да се зачува јазичната разновидност, особено на помалку користените јазици, како и квалитетот на преводот и професијата литературен преведувач, издавачите треба да склучат договор со професионални книжевни преведувачи и да ги наведат во базата на податоци на Креативна Европа. Притоа издавачите треба да ги почитуваат националните стандарди и најдобрите практики.

 

Квалификувани активности

Секој проект треба да содржи најмалку пет квалификувани дела за кои се предвидени:

·         превод;

·         објавување;

·         промоција;

·         дистрибуција на активности;

·         активности што се однесуваат на темите и приоритетите опишани погоре.

 

Квалификувани книжевни дела

·        Белетристика (романи, раскази, театарски и радиодрами, поезија, стрипови или литература за млади и деца).

·         Веќе објавени дела.

·     Книжевни дела чии автори се граѓани/жители на земјите кои учествуваат во програмата Креативна Европа или се дел од нивното книжевно наследство.

·        Дела кои не се претходно преведени на целниот јазик освен ако за предложениот превод на делото во проектот не постои јасно утврдена потреба.

·       Делата треба да бидат преведени од литературни преведувачи, а не од вештачка интелигенција.

 

Обем на активностите

·       Работните пакети на квалификуваните книжевни дела – белетристика, кои ќе се преведуваат, објавуваат, дистрибуираат и промовираат, треба да се базираат на солидна уредувачка стратегија за дистрибуција и промоција.

 

·      Активностите треба да ја олеснат соработката помеѓу сите релевантни страни во процесот: авторите, преведувачите, издавачите, дистрибутерите, продавачите на книги, библиотеките, литературните настани или фестивалите.

 

Предложените активности треба да се групираат, во делот Б, во кохерентни работни пакети. Секој работен пакет треба да содржи соодветна листа на активности, испораки, значајни настани/активности и ризици.

 

Времетраење на проектот

Проектите не треба да надминуваат период од 36 месеци.

Квалификувани апликанти

 

На овој повик може да аплицираат правни лица (приватни или јавни), кои дејствуваат во книжевниот и издавачкиот сектор и се регистрирани во земјите учеснички во програмата Креативна Европа.

 

Предлог-проектите може да бидат доставени од индивидуални апликанти, како и од конзорциум составен од најмалку две партнерски организации што не се поврзани                               субјекти. Подносителот на апликацијата мора да е регистриран и активен најмалку 2 години пред крајниот рок за поднесување на апликацијата.

Категории на проекти

 

·         Мали – преводи на најмалку 5 различни наслови, грант од ЕУ до 100 000 евра (60 % од вкупниот буџет на проектот).

·         Средни преводи на најмалку 11 различни наслови, грант од ЕУ до 200 000 евра (60 % од вкупниот  буџет на проектот).

·         Големи преводи на најмалку 21 различни наслови, грант од ЕУ до 300 000 евра (60 % од вкупниот  буџет на проектот).

Финансиската поддршка од ЕУ се базира врз паушал и не може да надмине повеќе од 60 % од вкупниот буџет на проектот за секоја од наведените категории.

Вкупниот доделен грант по проект не може да надмине 200 000 евра за индивидуални апликанти, односно  300 000 евра за предлози доставени од конзорциуми.

Очекувани влијанија

Предлог-проектите мора да се базираат на добра уредувачка и промотивна стратегија која вклучува  пакет од најмалку 5 наслови преведени од и на квалификуваните јазици и да ги содржи следниве елементи:

o   придонес кон различноста на литературата во дадена земја (или земји) преку вклучување литературни дела од недоволно застапени земји, со посебен акцент на делата напишани на помалку употребувани јазици;

o   придонес за подигнување на профилот на преведувачите и почитување на принципите на правичен надомест;

o   избран формат на книга и стратегија за дистрибуција која обезбедува широк и лесен пристап       до европските литературни дела за пошироката јавност;

o   стратегија за промоција која придонесува за проширување, развој и обновување на читателската публика;

o   поттикнување на соработката меѓу автори, преведувачи, издавачи, дистрибутери, книжарници, библиотеки, фестивали, литературни настани и сл.;

o   придонес за општите приоритети на Европската Унија.

 

Начин на подготовка и доставување на предлог-проектите/апликацијата

·         Повикот и документот Call for proposals Circulation of European Literary Works (CREA- CULT-2026-LIT), Version 1.0, 15 October 2025 може да го најдете на следниов линк

 

·    Апликациите се обработуваат и се поднесуваат електронски преку Funding &Tenders Opportunity Portal (F&TP)

Предлог-проектите мора да ја содржат проектната документација поднесена на соодветните обрасци што се наоѓаат во системот. Тие мора да бидат целосни и да ги содржат следниве прилози и придружни документи:

 

Дел А – административни податоци за апликантите и вкупен буџет – се пополнуваат електронски;

 

Дел Б – технички опис на проектот – преземете го формуларот од системот, пополнете го и поставете го назад во системот (најмногу 70 страници);

            Дел Ц – дополнителни информации за проектот – се пополнуваат електронски;

Детален буџетски формулар – се презема од системот;

 

Список на претходни проекти во кои учествувале апликантите последна страница од образецот Дел Б;

 

Датотека со информации за дела/преводи генерирани и преземени од базата на податоци на Креативна Европа;

 

·         Информации за пристапување до F&TP може да најдете тука

 

Мени за пристапност