Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во МОБ

Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во МОБ

На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември (петок) со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката низ светот.

Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“, на нашата сцена ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.

Мени за пристапност