Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид на 18 јули (сабота) во 11:00 часот свечено ќе биде отворена обновената „Прличева одаја“, по неколкумесечна адаптација.
Во рамките на настанот ќе бидат промовирани новиот каталог за „Пчињското евангелие“, печатен на четири јазици, како и видеоматеријалот за ова значајно книжевно наследство, синхронизиран на пет јазици. Обновениот мултифункционален простор ќе продолжи да биде место за културни настани, промоции и презентација на богатото наследство на Библиотеката.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и од Општина Охрид.