Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Ловецот во ’ржта“ премиерно во Театар „Војдан Чернодрински“

„Ловецот во ’ржта“ премиерно во Театар „Војдан Чернодрински“

Театарот „Војдан Чернодрински“ вечер, со почеток во 20 часот, на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, премиерно ќе ја изведе претставата „Ловецот во 'ржта“, според романот на Џ. Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски.

Според режисерот, станува збор за култен текст што ја обработува вечната тема за судирот меѓу индивидуата и општеството. Претставата, како што истакнува, е енергична, лирска и жанровски разновидна.

Драматургот Лидија Митоска-Ѓорѓиевска нагласува дека главниот лик Холден Колфилд е симбол на младешкиот бунт против лицемерието и општествените норми. Неговата желба да ја зачува искреноста и индивидуалноста ја прави оваа приказна и денес актуелна.

Сценографијата е на Филип Јовановски, костимографијата и светлото на Јулијана Војкова, а музиката ја потпишува Пеце Брада Трајковски со соработници.

Во претставата настапуваат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Теона Крстеска, Михајло Миленкоски, Ана Митоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Здравко Стојмиров, Александар Тодески и Игор Трпчески.

Претставата е дел од годишната програма на Театар „Војдан Чернодрински“ и ЦК „Марко Цепенков“, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Мени за пристапност