Нелегалната трговија со културно наследство е сериозна закана за културниот идентитет, историскиот континуитет, меѓугенерациското знаење и владеењето на правото во секоја држава. Културното наследство што го поседува нашата држава е изложено на многубројни ризици кои предизвикуваат негово деградирање, оштетување, уништување, па дури и негово неповратно исчезнување.
Важноста на прашањето за нелегална трговија со културно наследство условила меѓународните организации да донесат голем број меѓународни документи, но и да се развијат многубројни помошни алатки кои се од огромна помош во сузбивањето на трговијата со културно наследство.
Во тој контекст, УНЕСКО креираше и посебен онлајн курс за превенција од нелегална трговија со културно наследство, преку кој учесниците може да се стекнат со знаења и вештини за:
• меѓународната правна рамка за кривични дела против културното наследство,
• ризиците за безбедносната заштита на археолошките локалитети и музеите,
• практичните алатки во справувањето со нелегалната трговија со културното наследство, илустрирани со конкретни примери.
Курсот е бесплатен, интерактивен и лесно достапен на следниот линк:
https://openlearning.unesco.org/courses/course-v1:UNESCO+CLT_001+2025_T1_ENG/about