Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Ден Пугач (Dan Pugach) со Националниот џез-оркестар

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Ден Пугач (Dan Pugach) со Националниот џез-оркестар

На 7 октомври во 20:00 часот во Националната опера и балет, Националниот џез- оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Ден Пугач, познат композитор, аранжер и тапанар од современата њујоршка џез-сцена.

Пугач во Скопје доаѓа заедно со вокалистката и пијанистка Никол Зураитис (Nicole Zuraitis) и трубачот Џонатан Сарага (Jonathan Saraga). Пугач и Зураитис се добитници на наградите Греми, а нивната соработка е дел од актуелната њујоршка џез-сцена.

Под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез-оркестар со гостите ќе приреди концерт што ги носи звукот и енергијата на њујоршкиот џез директно пред скопската публика.

Билетите за концертот може да се набават онлајн и на продажните места на MKTickets.

Мени за пристапност