Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Новиот албум на Симон Трпчески воодушеви светски музички критичари

Новиот албум на Симон Трпчески воодушеви светски музички критичари

Британската издавачка куќа „Лин Рекордс“ го објави новиот албум на македонскиот пијанист Симон Трпчески, со изведби во живо на Вториот и Петтиот концерт за пијано и оркестар од францускиот композитор Камиј Сен-Санс. Албумот е снимен во соработка со диригентот Томас Сондергард и Кралскиот шкотски национален оркестар, на концерти одржани во 2024 година во Глазгов. За насловната страница е искористено делото „Пејзаж“ на македонскиот ликовен уметник Славчо Спировски.

Изданието доби највисоки оценки од повеќе меѓународни музички критичари, меѓу кои и пет ѕвездички од „Би-би-си музички магазин“. Трпчески во наредниот период го продолжува концертниот распоред со настапи во САД и на Тенерифе, а на 2 и 3 ноември ќе настапи и со „Камерниот музички десерт“ во Македонската филхармонија во Скопје.

Мени за пристапност