Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Носорози“ од Јонеско – Албански театар и Францускиот институт со премиера на 12 февруари

 „Носорози“ од Јонеско – Албански театар и Францускиот институт со премиера на 12 февруари

Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје, ја најавува театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20 часот, во Албанскиот театар – Скопје.

 

„Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и силна алегорија за искушението на конформизмот и губењето на индивидуалноста.

 

Оваа нова продукција на Албанскиот театар – Скопје е во режија на Васил Василев (Бугарија) и нуди современ сценски пристап кон култниот текст, останувајќи верна на оригиналот, а истовремено отворајќи простор за критичко преиспитување на актуелните општествени предизвици.

 

Претставата ќе се изведува на албански јазик, со превод на македонски и француски јазик.

Мени за пристапност