Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Недела на македонската култура во Албанија

Недела на македонската култура во Албанија

Од 3 до 6 септември 2026 година, во Тирана, Драч и Корча, ќе се одржи „Македонската културна недела во Албанија“, во организација на Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.

 

Во рамките на Културната недела ќе настапат голем број уметници од Македонија, а ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција.

 

На програмата се застапени концерти на оркестарот Ајга и ансамблот Кон Темпора под диригентство на маестро Иван Еминовиќ, настап на фолклорното друштво „Еуро Арт Академија“, концерт со поезија на квартет „Мевлем“, ДЈ сет на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro, промоција на македонски вина и ракија од винариите Бовин и Тиквеш, промоција на македонско пиво, монодрама „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев, изложба на фотографии од Преспа на Пали Колефски, настап на фолклорно друштво од Мала Преспа и музичка настап на Кристијан Ѓорѓи.

 

Културната недела се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија и Министерството за туризам, култура и спорт на Република Албанија.

 

Дополнителната финансиска поддршка од албанското Министерство е обезбедена како резултат на личниот ангажман на директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода, и континуираната соработка со албанските културни институции.

Мени за пристапност