Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Богата музичка програма ќе го одбележи јубилејот – 35 години независност на Македонија, со повеќе концерти во Скопје.

Богата музичка програма ќе го одбележи јубилејот – 35 години независност на Македонија, со повеќе концерти во Скопје.

Вечерва на Плоштад Македонија, со почеток во 20 часот, ќе настапи светски познатиот тенор Хосе Карерас, заедно со Македонската филхармонија и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Дешира Амети-Крлиу, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. Концертот е бесплатен и отворен за сите граѓани.

 

Вториот дел од вечерта му припаѓа на Хозе Карерас и неговиот безвременски светски репертоар, заедно со Македонската филхармонија и предводено од неговиот долгогодишен диригент, David Giménez.

 

Утре, на платото пред Т-Арената „Борис Трајковски“, ќе се одржи концертот „Најдоброто од Македонија“, со настапи на Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

 

На 4 септември, прославата продолжува со мултимедијалниот спектакл „Силно светнал ден“ на Плоштад Македонија, во кој ќе настапат повеќе од 120 артисти. Кулминација на прославата ќе биде на 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ ќе настапи светски познатиот диџеј и продуцент Давид Гета со спектакуларното „The Monolith Stadium Show“.

Мени за пристапност