Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Недела на јапонски филм во Кинотеката

Недела на јапонски филм во Кинотеката

Од 13 до 17 ноември Кинотеката на Македонија ги отворa својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус јапонски филмови, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија.

Мени за пристапност