Народниот театар Битола во ноември ја продолжува својата богата програмска активност со две значајни премиери и одбележување на 82 години од своето постоење.
На 10 и 11 ноември ќе биде изведена премиерата на претставата „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, како дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола – 4 Ноември.
На 14 ноември, по повод 82-годишнината од постоењето на театарот, свечено ќе биде отворено 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, со премиерната изведба на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир на матичната сцена.
Фестивалот годинава ќе собере театарски продукции и уметници од Италија, Ерменија, САД, Романија, Грузија и Малта, потврдувајќи го својот меѓународен карактер и значењето на Битола како важен центар на современата театарска уметност.
Со овие настани, Народниот театар Битола ја потврдува својата посветеност на развојот на театарската уметност и меѓународната афирмација на македонското културно творештво.