Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Блетезат 2026“ со 18 нови детски песни вечер во Тетово

„Блетезат 2026“ со 18 нови детски песни вечер во Тетово

Детскиот фестивал на песни „Блетезат 2026“, во организација на Радио Блета, ќе се одржи вечер од 18 часот во Центарот за култура „Ило Антески-Смок“ во Тетово.  

На 32. издание на фестивалот, што се одржува на албански јазик, ќе бидат претставени 18 нови детски композиции, во изведба на млади музички таленти.

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а за наградите ќе одлучува жири-комисија која ќе ги избере најдобрите изведби. Покрај афирмацијата на детските музички таленти, манифестацијата има цел да ги поттикне детското музичко творештво и создавањето нови песни на албански јазик.

 „Блетезат“ се организира од 1994 година и досега има промовирано околу 500 детски песни, со соработка на голем број автори, композитори и продуценти од земјава и регионот.

Мени за пристапност