Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Најголемите театарски ѕвезди од регионот на фестивалот РУТА во Драмски

Најголемите театарски ѕвезди од регионот на фестивалот РУТА во Драмски

Драмскиот театар Скопје од 26 до 31 октомври ќе биде домаќин на петтото издание на Меѓународниот театарски фестивал РУТА. Публиката ќе има можност да проследи шест претстави и копродукции од театрите членки на Регионалната унија на театри од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и од Македонија. Фестивалот ќе биде затворен на 31 октомври со претставата „Љубовта на Федра“ на Драмскиот театар Скопје.

 

Годинашното издание ја носи и новата програма „МоноРУТА“, со четири монодрами од регионот, меѓу кои и „Џеки“ во изведба на Трајанка Илиева Вељиќ. Претставите ќе се играат на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности, со почеток во 17 часот.

 

Програмата вклучува и три театарски работилници посветени на менаџментот во културата, актерската игра и сценскиот говор, кои ќе ги водат истакнати театарски професионалци од регионот.

Мени за пристапност