Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Награда за најдобар филм за „17“ на најголемиот филмски фестивал во Уругвај

Награда за најдобар филм за „17“ на најголемиот филмски фестивал во Уругвај

Дебитантскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ ја доби наградата за најдобар филм во натпреварувачката програма „Нови режисери“ на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај што се одржа од 30 март до 12 април.

Годинава на Фестивалот, традиционално организиран од Кинотеката на Уругвај на локации во Монтевидео и во уште неколку градови, како што се Флорида, Канелонес, Роча и Сан Хозе, беа прикажани над 200 филма од 67 различни земји, меѓу кои голем број национални и меѓународни премиери.

Во фокусот на натпреварувачката програма „Нови режисери“ (New Directors Competition) е промоцијата на дебитантски остварувања и млади таленти. Исто така, прикажувајќи селекција од уникатни авторски филмови, програмата нуди платформа за новите гласови од најновата светска кинематографија.

„17“ ја освои наградата за најдобар филм во конкуренција од 13 наслови, а за наградата одлучуваше тричлено стручно жири, кое го сочинуваа: Аиноа Артече Уриарте (Ainhoa Artetxe Uriarte) – актерка и режисерка од Шпанија, Маријанела Морена (Marianella Morena) – истакната драмска писателка и театарска режисерка од Уругвај и Ернан Росели (Hernan Rosselli) – истакнат сценарист и режисер од Аргентина.

Мени за пристапност