Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030 објавен на ЕНЕР

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам
Во согласност со Законот за културата, Министерството за култура и туризам изработи Нацрт текст на Национална стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030 година со Акциски план.
 
Документот беше изработен од работна група од вработени службеници во Министерството за култура и туризам во консултација со Македонската Академија на науките и уметностите и со преку 50 претставници на институциите, научните установи, граѓанскиот и приватниот сектор, струковите здруженија и истакнати автори, уметници и професори на високо-образовните институции.
 
Нацрт текстот на документот беше разгледан и од Советот за култура. Во стратешкиот документ содржани се анализи за состојбите во областа на културата за периодот 2019-2024 година, а исто така целиот документ е ревидиран и од експерти од УНЕСКО, кои со своето долгогодишно искуство се етаблирани како врвни познавачи на културните политики.
 
 
Од 24 март Нацрт текстот на Националната Стратегија е објавен и на Единствениот национален електронски регистар на прописи, каде што може да се достават мислења, предлози и забелешки. Министерството за култура и туризам ги повикува сите засегнати страни да партиципираат во дефинирањето на конечниот текст на Националната стратегија и Акцискиот план кои треба да бидат донесени по широка јавна расправа која ќе биде организирана во текот на месец април и во дијалог со сите субјекти од областа на културата.
 
 
Во прилог е линкот на ЕНЕР каде се прикачени Нацртот на Национална стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030 година со Акциски план.

Мени за пристапност