Националниот џез-оркестар вечерва во 20 часот ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер, „This Rock We’re On: Imaginary Letters“, под диригентство на самиот автор.
Холобер е еден од најзначајните современи џез-композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект „This Rock We’re On: Imaginary Letters“ е оценет како монументално ремек-дело и мајсторска лекција по композиција за џез-оркестар.
Концертот ќе биде збогатен со настапите на солистите Андријана Јаневска – вокал, Кирил Јосифов – виолончело, Влатко Нушев – вибрафон и перкусии.